Search

Кондовски ќе лобира кај централната власт за решенија за граѓаните

„Сигурен сум дека 100% ќе ги исполнам проектите. Нема да се прилагодуваат граѓаните на ситуацијата, туку јас ќе се прилагодувам. За секое прашање има решение. Прв постулат е да ги исполниме проектите, а втор постулат е да се држиме до законите. Јас  сум научен да барам решенија.”-рече вечерва во политичкиот магазин „Директно” на ТВ Тера кандидатот нан СДСМ за градоначалник на општина Битола, Христо Кондовски.

Рече дека ќе се работи на влезовите од Прилеп, од Охрид, како и кај Кравари да биде булеварски влез до самата табла. „И на централната власт ќе и оставиме до таблата бидејќи немаме ингеренции, па одма ќе ги повикаме да си сработат затоа што ќе бидам гласен, рамо до рамо со граѓаните да се заврши и таа работа. И јас сум тука граѓанин и мојата фамилија тука патува, и моите сограѓани патуваат и затоа ќе застанам рамо до рамо со граѓаните. Без разлика кој е на централна власт, и пред Заев ќе бидеме гласни, и ќе реагираме уште од првиот ден. Еве ние работиме, продолжете да работите, оти и јас ќе ве критикувам.”-рече Кондовски.

Кондовски рече дека од градоначалникот и се очекува да биде ажурен и да бара. „Не само што ќе побарам, туку и ќе критикувам, мора да бидат поажурни, затоа што ако пристапам како досега што пристапувале на краткорочна политика, само да не си критичен према централната власт, да не бараш од централната власт, тогаш си ја сечиме гранката на долг рок. Тогаш самиот премиер ќе ни се налути зошто не бевте успешен градоначалник. Јас ќе бидам успешен градоначалник, ќе ги реализирам проектите на граѓаните, ќе си ја завршиме работата до каде што е Битола, ќе знаат дека влегуваат во модерен и урбан град, по европски стандарди, со целосни сообраќајни решенија, а ќе бидеме многу критични и ќе бараме да се решат влезовите и од националната власт. Јас мислам дека и претседателот на Владата и сите сакаат да има модерен влез во Битола. Побарај лајтмотив и ќе најдеш. Тропни и ќе ти отворат. Јас сум застапник на таа теза. Ние уште од првиот ден почнуваме да работиме, и почнуваме да бараме.”-рече Кондовски.

„Ја ветив подземната сообраќајница. 20 години се  зборува за тоа, ми викаат еј абе ова е проект на некој. На кој сака нека е, ама јас ќе го реализирам затоа што исполнуваме една вин-вин ситуација за човекот пред се. Ќе има плоштад со континуирана пешачка зона, хортикултура, услужните објекти околу ќе добијат додадена вредност, сообраќајот ќе тече уште поконтинуирано, а ќе има помалку загадување, бидејќи ќе нема застанување на сообраќајот и ќе го решаваме делот на загадувањето со тоа. Имаме една вин-вин ситуација на сите страни, и кога сум убеден во таа ситуација јас тргнувам кон реализација на таквите проекти.”-рече Кондовски.

Тој рече дека ако не ги исполни проектите сам ќе се казни, така што нема да се кандидира понатаму. „Но, не сакам да правам муабет за тоа, затоа што сум сигурен  дека 100% ќе се оствари програмата и понатаму ќе се движиме после 4 години кон повисоки, кон подобри  проекти итн.”-рече тој.

Запрашан што мисли за ставот на противкандидатот Тони Коњановски дека не треба да има сообраќај во овој дел на плоштадот, Кондовски рече: „Не слушнав ништо конкретно, слушнав само едно тивко не, да не треба да има сообраќај. Не слушнав како би изгледал нивниот проект, нема презентација на проекти, стварно жално. Не знам како ќе го решат тоа, само една негација на тоа што јас го зборувам. А јас го зборувам како што Ви кажав. Пешаци, зеленило на површина, плоштадот Гоце Делчев ќе си биде плоштад како континуирана зона на движење, каде сообраќајот нема да смета на  никого. Наместо 60 паркинг места колку што се сега на плошадот, би добиле 300 паркинг места и Битола автоматски во централното градско јадро преминува во еден европски современ град. Јас го нудам решението, со средства, со рокови,  со време, со изглед. Како што кажавте денес постои YouTube платформата, постојат телевизиите итн, тој запис ќе остане и никој нма да го избрише. Jас одговорно стојам зад тоа, знам да менаџирам со такви проекти и ќе ги исполнам тие проекти на време и со тие средства. A од противкандидатите не слушнав ниту еден проект колку би чинел, за колку време би се остварил и на која локација би бил.”-рече Кондовски.

 

Посочи дека граѓаните се уморни од „ЌЕ”. Рече дека во приватниот сектор има „Ќе”, но има и реализација и дека тоа сега ќе го пренесе во секторот на локалната самоуправа. „Во приватниот дел тоа не е дозволиво, има ЌЕ и има реализација. За 4 години ќе имаме реализација, ќе имаме реализирани проекти и Битола ќе биде Битола. Кога ќе се влегува во Битола ќе се знае јасно дека влегувате во еден модерен и урбан град. Сите три влезови се влезени во програмата, со точна утврдена динамика, со точна финансиска конструкција и тоа ќе се работи од првиот ден. Секој слободен денар од развојниот буџет ќе биде вложен во инфраструктурата.”-рече Кондовски.

Треба да знаете
Последни објави