Search

Кондовски:Сите жители на Битола заслужуваат достоинствени услови за живот!

Сите жители на Општина Битола заслужуваат достоинствени услови за живот. Ова денеска им го порача кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски на средба со претставници на Здружението на слепилица, Здружението на глуви и наглуви лица и Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, кои делуваат на регионално ниво, како и претставници на Националната заедница на сите инвалидски организации.

„Како дел од идната локална самоуправа се обврзувам дека посветено ќе работиме на подобрување на условите за живот за овие категори и преку отстранување на архитектонските бариери, уредување на зелени катчиња, повеќе персонални асистенти, поддршка на ресурсниот центар, но и создавање на подобри можности за вработување на оваа категорија лица.“-рече Кондовски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави