Search

Конгресот ја повика Белата куќа да воведе санкции за труењето на Навални

Претставничкиот дом на САД донесе резолуција со која најостро се осудува „очигледно намерното” труење на Алексеј Навални. Конгресмените бараат цврст одговор од САД и меѓународната заедница во врска со обидот за атентат врз рускиот опозиционер, посочи прес-службата на Конгресот на Твитер налогот на Претставничкиот дом.

Во резолуцијата, пратениците ги повикаа американскиот државен секретар Мајк Помпео и секретарот за финансии Стивен Мнучин да ги искористат своите овластувања согласно законот „Магнитски” и да воведат санкции за одговорните – се предлага замрзнување на нивните средства и забрана за влез на американска територија.

Документот беше одобрен со измени и дополнувања по 40-минутна дебата.

Треба да знаете
Последни објави