Search

Конгресот со краен рок до Трамп да извести дали негов правен тим ќе учествува во процедурата за импичмент

Одборот за правда при Претставничкиот дом синоќа даде краен рок до кога претседателот Доналд Трамп може да информира дали ќе испрати свој адвокатски тим во постапката за можен импичмент.

Во писмо на две страници испратено до Трамп, се наведува дека претседателот треба да ги извести конгресмените најдоцна до 17 часот в петок, 6 декември 2019 година. Дотогаш тој треба кај својот правен советник да поднесе материјални докази, вклучително и сведоци, кои присуствувале на телефонскиот разговор на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Идната недела Одборот за правда треба да почне со разгледување на заклучоците од истрагата за отповикување на американскиот претседател за да се реши прашањето за можно предлагање на предметот за импичмент на гласање во долниот дом на Конгресот.

Треба да знаете
Последни објави