Search

Конгресот на ДУИ на 21 декември

На денешната седница на централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) беше донесена одлука 4-тиот конгрес да се одржи на 21 декември во Скопје. Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека конгресот претставува кулминација на внатрешниот изборен процес во партијата низ ограноците.

– Самте бевте сведоци на еден исклучително демократски внатрешен процес со што ДУИ навистина воспоставува стандарди на демократска внатрешна компететивност и селекција. Сето тоа треба да кулминира на конгресот при што ќе се избира централниот одбор, претседателот на партијата, но исто така ќе се утврди и мисијата на ДУИ за наредниот период, петте резолуции кои што ќе бидат донесени како и статурните измени и новата програма, изјави Османи.

За предвремените парламентарни избори догодина нема конечни одлуки, а според Османи нема да има една изборна единица.

– На овие избори нема да има, ниту има официјално барање на состаноците на кои се разговара за подготовка на изборите, рече Османи.

На новинарско барање за коментар за една кадровска замена во МВР, наводно на релации СДСМ-ДУИ, Османи изјави дека полицијата е непартиска и таква треба да остане.

– Тоа е ставот на ДУИ дека полицијата треба да биде надвор од партиските влијанија, но никој не смее да биде дискриминира заради своите политички убедувања надвор од полициската служба, рече Османи.

Дел седницата на претседателството е нашравен и пресек на развојот на политчките настани во земјата, но и во регионот.

Треба да знаете
Последни објави