Search

Конгресот му забрани на Трамп да излезе од НАТО

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон за поддршка на НАТО, со кој му се забранува на американскиот претседател, Доналд Трамп да излезе од Алијансата, ако тој се одлучи на таков чекор.

За законот гласаа 357 конгресмени, додека 22 беа против.

Конгресот не може формално да му забрани на Трамп да излезе од блокот, но може да го блокира финансирањето на таа цел. Оваа тактика своевремено ја користеше Конгресот за да го спречи Барак Обама да го затвори затворот Гвантанамо.

Законот на Претставничкиот дом ги повикува членките на НАТО да ги трошат ветените 2 отсто од БДП за одбрана, за што постојано говори и Трамп. Законот одобрува натамошно финансирање на таканаречената европска иницијатива за ограничување која е насочена против Русија.

Сличен закон разгледува и сенатот во САД. За да стапи на сила, треба да биде усвоен во двата дома на Конгресот и претседателот да го потпише.

Трамп често го критикува НАТО и говори дека блокот застарел, но бара од сојузниците да го платат својот дел од воените расходи на Алијансата, од кои три четвртини припаѓаат на САД. Меѓутоа, Трамп јавно никогаш не рече дека сака да излезе од овој воен блок

Треба да знаете
Последни објави