Search

Конго: Вооружени екстремисти упаднaлe во затвор и ослободиле 900 осуденици

Вооружени напаѓачи упаднале во затворот во Бени и во координирана акција ослободиле околу 900 осудени лица, соопшти градоначалникот. Тој ги обвини исламските екстремисти од Уганда дека го извршиле нападот.

„За жал, бројни напаѓачи ја провалија затворската порта со електронска заштита и во координиран напад врз затворот и позициите на војската што го чува, ослободи околу 900 осуденици“, изјави градоначалникот на Бени за „Ројтерс“.

Тој за нападот ги обвини Обединетите демократски сили, вооружена група од Уганда која работи во Конго од 1990 година и чии припадници убија повеќе од илјада цивили минатата година.

Досега никој не ја презеде одговорноста за најновиот напад.

Треба да знаете
Последни објави