Search

Комунална хигиена машински ги миеше сите булевари во Скопје

Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши генерално машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

„Со употреба на десет автоцистерни, во сите скопски општини спроведовме засилени активности за машинско миење на  булеварите и поголемите улици во текот на ноќта.

-Воведуваме нов тренд на одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини, што очекуваме да резултира со зголемено ниво на чистота и поефикасна заштита на јавното здравје, односно намалување на можноста за ширење на вирусот Ковид-19.” – изјави  директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Линк за видео-материјал: https://youtu.be/DgUfBZti-Ao

Треба да знаете
Последни објави