Search

Компјутерот од Општина Бутел кој стигна во домот на семеjството Радевски е како дожд во пустиња

„Донирај го својот стар компјутер“, акција покрената од Општина Бутел за да им се помогне на децата кои неможаат да го имаат овој апарат во своите домови и да ја следат он-лајн наставата која се наметна за завршување на школската година со заштитните мерки во борбата со пандемијата од коронавирусот, по сама две недели почна со реализација. Првиот функционален перонален апарат кои во општината се пристигнати од граѓани и фирми од овој дел на Скопје, пристигна во домот на семејстовот Радевски во населбата Радишани. Ги израдува градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски кој им го предаде компјутерот.

-Овој момент за нас е како дожд среде пустиња. Природата треба да се користи, но што и да се прави неможе да се смени – вели Ванѓа Радевска, мајката на Катерина која е дете со пречки во природниот развој.

Со компјутерот ќе работи Ванѓа, која е доктор по психолошки науки. Титула ја стекнала на Државниот универзитет во Букурешт, а научните истражувања кои ги прави се за да и помогне на Катерина и децата кои се соочуваат со вакви препреки во животот.

-Ова не е единствената акција на Општина Бутел, која им дава поддршка на лицата од социјално ранливите категории. Во овие вонредни денови кога е најпотребно ја покажуваме на дело нашата хуманост и солидарност. Ќе им помагам на сите во рамките на нашите можности за да им ги олесниме животните потреби – вели Смилевски.

Општина Бутел продолжува во и наредните денови со распределбата на донираните персонални компјутери преку училиштата кои ги има на својата територија, а ќе бидат наменети за децата од семејствата со загрозен социјален статус и семејства од руралните средини.

Персоналните компјутери кои компаниите и физичките лица не ги користат или им е потреба некоја поправка  или дополнитлена инсталација се донирата во Општината Бутел, а потоа ИТ секторот ги оспособува и технички ги става во функција.

Со овие апарати во светот на технологијата ќе можат да ѕиранат и децата за кои оваа алатка сеуште е само сон.

 

Треба да знаете
Последни објави