Search

Компанијата „Новавакс” доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против коронавирус од владината програма „Ворп спид”

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс” (Novavax)  од Владата на САД доби 1,6 милијарда долари за разработка и комерцијализација на вакцина против коронавирусот, соопштија денеска од компанијата.

Грантот е во рамки на владината програмата „Ворп спид” за создавање милиони дози безбедна и ефективна вакцина против новиот коронавирус.

Се дознава дека очекувањата се компанијата да произведе околу 100 милиони дози од вакцината до јануари 2021 година. Вакцината првично е именувана како NVX-CoV2373.

Компанијата, основана во 1987 година, досега спровела две од трите предвидени етапи на клинички испитувања на својата вакцина.

„Новавакс” во мај доби грант од 384 милиони долари од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за првите испитувања на својата вакцина. Средствата од  Владата на САД,  досега најголем грант на  администрацијата на Доналд Трамп за производство на вакцина против Ковид-19, се наменети за завршување на третата етапа клинички испитувања и сериско производство и распространување на вакцината.

По информациите дека компанијата добила владин грант, акциите на „Новавакс” на тргувањата на берзата NASDAQ денеска порасна за 38 отсто.

Треба да знаете
Последни објави