Search

Комити Скопје: Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани

Комити Скопје: Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани

Денес, 09.07.2018 не напушти нашиот брат, Никола Саздовски – Саздо. Престана да чука младото комитско срце, не успеа да победи во последната битка. Десет дена, срцето, лавовски се бореше со сите нанесени повреди и на крај, се реши да одмори, да отпатува на подобро место. Саздо беше нападнат и убиен од луѓе кои само се нарекуваат навивачи, а во основа се криминалци, дилери, убијци и најважно од се, заштитени се како никој друг во државава. МВР, ОЈО, НВО-та и некои квази новинари, прво се обидоа да го заташкаат случајот и да го пренесат кон друг правец, па од кога беа фатени во лага се обидоа да се правдаат и сето тоа, само зошто беше Комита и Македонец.
Прости ни Саздо, не успеавме да те заштитиме од нашите душмани. Даваме заклетва дека ќе ја истераме правдата на било кој начин. Ќе останеш засекогаш во нашите срца и во душата на Западот. Еден ден, повторно ќе се сретнеме таму горе и ќе запееме заедно. Сочуство до фамилијата и најблиските.

Погребот ќе се одржи утре, 10.07.2018 на гробиштата во с.Ракотинци со почеток од 13.00 часот.
Комити, утре, за да го испратиме нашиот брат како што доликува, дојдете на собирот со автомобили, кој симболично е закажан пред нашата, западна трибина од 11.45 часот со поаѓање во 12.20.
Да го развиориме уште еднаш омилениот бајрак на Саздо, “Боже чувај ја Македонија”!!!

https://www.facebook.com/104014492986178/posts/1745799508807660/

 

Треба да знаете
Последни објави