Search

„Комити“ разочарани од играчите на Вардар: Без желба, без мудрост и стратегија и најважно без м*да!

Со само една победа во четири меча, Вардар е во зоната за испаѓање во Втората фудбалска лига, а не во трката за експресно враќање во прволигашкото друштво. Најтрофејниот македонски фудбалски колектив и најпознат бренд надвор од македонските граници Вардар попладнево загуби на гостувањето кај Велешта (2:1).

По четири одиграни коло во Втората лига – Запад,  Вардар има освоено само четири бода, а лидерот Силекс има максимални 12  бода. По поразот од Велешта, со порака на својата официјална фејсбук страна се огласи и навивачката група „Комити“. Најверните навивачи на Вардар побараа одговорност, а во нивната порака напишаа:

„Без никаков притисок, на добар терен, со добар пречек, без желба, без мудрост, без стратегија, и што е најважно без м.да!
Беда, очај, мизерија !
Велешта – Вардар 2:1 (0:1)
По овој натпревар првото место делува научна фантастика, а според играта, веројатно успех ќе биде евентуалното освојување на второто место !
Ова е неприфатливо !
Одговорност мора да има !

Треба да знаете
Последни објави