Search

„Комитите“ се простија од Ѕинго

Денес на 84 годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот сојуз на Македонија, од 1993 до 1999 година и долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Од Ѕинго денес се прости и навивачката група „Комити“ кои и му простија за несогласувањата во минатото.

„Бог да го прости Љубисав Иванов…Ова не е препеаната песна за Миле Поп Јорданов, која западот во полн сјај ја пееше, исполнет, сите со свеќи во рацете, назад во 90-тите…а денес е сеќавање на една борба со лик кој имаше различни сваќања за фудбалот од останатите, и од навивачите…Вардар го надживеа, го надживеавме и ние, така ветивме, така и се случи, но сега се му простуваме…Ќе ти прости и небесниот наш Коп, затоа што сеќавањата на тие времиња не ни оставаат простор за ништо друго освен чувство на носталгија за убави моменти. Почивај во мир Ѕинго…гласи реакцијата на „Комити Скопје“.

Вардар во првите три сезони од осамостојувањето на Македонија и формирањето на националната фудбалска лига беше неприкосновен, освојувајќи ги титулите без ниту еден пораз.

„Комитите“ го сметаат Ѕинго, кој во меѓувреме стана претседател на Фудбалската федерација на Македонија и го финансираше фудбалскиот клуб Силекс, како најодговорен за подоцнежната стагнација и лошото управување на црвено-црните.

Треба да знаете
Последни објави