Search

Комисијата за уставни прашања го поддржа третиот амандман, за четвртиот ќе се расправа утре

Со 10 гласови за и два против, собраниската Комисија за уставни прашања доцна попладнево го поддржа амандманот 35 со кој се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичка независнот на соседните држави.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска после попладневната пауза во своето обраќање на Комисијата постави повеќе прашања до министерот за надворешни работи Никола Димитров меѓу кои и за начинот на договарање на уставните амандмани по телефон со нашиот јужен сосед. Според неа, тоа изгледа како да сме регион на Грција или нејзина федерална единка за која „Централата” ќе ни каже како да го смениме уставот.

„Јас мислам дека амандманите веќе се подготвени и ќе се повторам дека имаме работа со сериоозна дипломатоија и дека ова е само претстава за јавноста и за задржување на мнозинството дека имаме интеракција и консензус. Амандманите се готови уште со самото потпишување на Договорот и ова треба така да помине колку граѓаните да речат дека еве овие нешто се договараат во Собранието, истакна Ласоска.“

Во однос на Договорот, Ласкоска имаше забелешка и за, како што рече, егејското прашање за кое, според неа, можеле да побараат Македонците во Грција да бидат признаени.

Министерот Димитров во својата реплика рече дека не знае за кои амандмани по телефон зборува пратеничката и додаде дека приметил дека во дебатата најмногу се говорело за потребата да се променат државотворно-правните одлуки на АСНОМ.

„Кажав дека тоа можеме сите заедно да го формулираме и кога ќе дојдеме во фаза на предлог амандман, можеби токму оваа формулација да ја користиме. Амандманите ги формулираме тука, низ овој процес, а низ разговорите со нив само добивме сигнали каде се гледаат проблем, истакна Димитров“.

Пратеничката Весна Дамчевска Илиевска рече дека Република Македонија со Договорот прави отстапки од дел од своето битие и дека кога објаснувањето и толкувањето на договорот од страна на премиерот Зоран Заев и министерот Димитров би биле содржина на договорот, би биле по вредни, но, спред неа, не е исто толкувањето и она што е понудено. Таа го праша министерот зошто кога побарале за внатрешна употреба да го користиме уставното име Република Македонија било одбиено од другата страна и кои им биле аргументите.

Министерот Димитров рече дека на средбите Грците не прифаќале да се користи нашето уставно име за домашна употреба, бидејќи сметале тоа ние нема да го правиме уште во 1995 година и затоа немаат доверба, но и дека нашата доверба е изгубена после хашката пресуда.

„Затоа во договорот се обидувавме да вградиме механизми, како ние ќе чекориме кон тоа што нас ни треба, така имплементацијата да оди кон тоа што нив им треба и затоа овие уставни амандмани влегуваат согласно одредбите на одлуката за прогласување на уставниот амандман, појасни Димитров.

Тој додаде дека во разгвор со двотретинското мнозинство пратеници што ја отвори постапката, договорено е да биде додадено, за секој од овие четири амандмани, дека ќе влезат во сила тогаш кога спогодбата и пристапните преговори за нашето членство во НАТО ќе бидат ратификувани во Грчкиот парламент.

Последен пред Комисијата се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој неколку пати беше предупреден од претседателот на Комисијата Талат Џафери дека неговата дискусија не се однесува за амандманската расправа. Тој до крајот на неговиот говор читаше бројки од излезноста на референдумот во скоро сите општини поединечно за што сметаше дека граѓаните се изјасниле против Договорот со Грција.

Треба да знаете
Последни објави