Search

Комисијата за заразни болести потфрли, цело лето не направи план затоа сега имаме 2000 заболени во една недела

 Неспособноста на власта во справување со Ковид пандемијата предизвикува и ризик за децата во градинките и учениците кои посетуваат физички настава.

Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и цело лето не направи ниту план ниту стратегија во поглед на протоколи и пристап, епилогот е 2000 заболени за една недела, заболени во болниците, градинките, училиштата, фабриките, буквално секаде.

Власта која ја исполитизира Комисијата продолжува и понатаму со истата политика и со истата Комисија, чија работа до сега резултираше со катастрофа на здравствен план, 1 милијарда задолжувања за надминувања на последиците од Ковид пандемијата врз економијата, над 40 илјади луѓе останати без работа, како и цели семејства со намалени приходи.

Неспособноста и незаинтересираноста на власта предизвикаа и преполни болници и скоро ниту едно слободно место во болниците како во Скопје, така и низ државата. Летниот период не се искористи за зголемување на болничките капацитети, и сега се соочуваме со хаос.

Катастрофата која ја живееме сега поради неспособноста на власта пред се е предизвикана од неспособната и исполитизирана Комисија за заштита од заразни болести, затоа потребна е нова Комисија која ќе има за цел справување и надминување на ситуацијата и последиците од ситуацијата на здравствен план.

СДСМ мора да се стави во функција на граѓаните, да ја надмине суетата и да прифати предлог кој е од полза за државата. Иднината на Македонија е позначајна од нивните краткорочни политички поени.

Треба да знаете
Последни објави