Search

Комесарот за работни места и социјални права на ЕУ предупреди дека, додека растат цените, енергетската сиромаштија во Европа се зголемува. Николас Шмит за ДПА изјави дека во Унијата веќе има милиони кои страдаат од енергетска сиромаштија и додаде дека тој број може да продолжи да расте. Европската комисија може да им помогне на земјите од ЕУ да го ограничат влијанието на сегашните високи цени на енергијата врз јавноста, но пред сè националните влади треба да преземат акција, рече Шмит. Портпаролката на германската Влада Мартина Фиц во петокот рече дека е важно да се има координација ширум Европа и да се дејствува во рамките на сегашните правила за внатрешниот пазар на ЕУ. За ова прашање ќе се разговара на самитот на ЕУ во Брисел во четврток и петок следната недела, рече Фиц. Европската конфедерација на синдикати ETUC во септември предупреди дека податоците покажуваат оти повеќе од 2,7 милиони луѓе во Европа повеќе не можат да си дозволат соодветно да ги загреат своите домови, и покрај тоа што имаат постојана работа.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се очекува денеска да биде пуштен од болница во Калифорнија, каде што се лекува од инфекција неповрзана со Ковид-19, соопшти неговиот портпарол.

Клинтон (75), кој беше претседател на САД од 1993 до 2001 година, беше примен во Универзитетската болница Ирвин во Калифорнија, јужно од Лос Анџелес, во вторникот вечерта поради инфекција на крвта.

Неговиот портпарол вчера на Твитер напиша дека Клинтон ќе остане уште една ноќ во болница за да продолжи да прима интравенски антибиотици и оти најверојатно ќе биде пуштен денеска, додавајќи дека сите здравствени индикатори се движат во добра насока.

Според „Њујорк тајмс”, кој се повикува на соработник на Бил Клинтон, тој добил инфекција на уринарниот тракт која се развила во сепса. ј

Треба да знаете
Последни објави