Search

Комесарка во ЕУ: Земјите да не паничат, ќе издадеме инструкции за патниците

Комесарката за здравство на Европската унија, Стела Киријакидес изјави дека е добро што соседните земји на Италија ги задржаа границите отворени по значителното зголемување на заразени луѓе со новиот коронавирус, истакнувајќи дека така ќе се избегне непропорционален одговор.

Таа за време на прес-конференција со министерот за здравство на Италија и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге, оцени дека може да дојде до проблем доколку различни земји имаат поинакви пристапи и дека Европската комисија е подготвена да ги координира активностите.

Истакна дека земјите не треба да паничат и оти ЕУ ќе издаде предупредувања за патувања.

„Сè на сè, веднаш по оваа средба, Комисијата ќе издаде низа инструкции за патниците кои одат или се враќаат од зони зафатени со инфекција со новиот коронавирус“, рече Киријакидес.

Треба да знаете
Последни објави