Search

Комерцијална наплаќа дебели провизии за сметки во франци и не прифаќа нови штедни влогови во истата валута

Комерцијална банка ги известила своите клиенти дека од први април воведува провизија за штедните влогови во швајцарски франци во висина од 300 до 450 денари на месечно ниво. Во исто време нејзините клиенти добиле информација дека доколку сакаат да прифаќаат нови штедни влогови во истата валута.Надоместокот е воведен на девизни трансакциски сметки

Во Комерцијална банка потврдуваат дека вовеле провизија за сметките во швајцаски франци, а како причина за тоа биле големите трошоци кои ги има банката за оваа валута.

-Банката воведе провизија за водење на девизни трансакциски сметки во ЦХФ- швајцарски франци (која ќе се применува од 01.04.2019 година) и престана со отворање нови штедни влогови во ЦХФ. Ова е како резултат на високите трошоци кои истите ги предизвикуваат за Банката. Имено, согласно пазарните движења, Банката не врши пласирање на овие средства преку кредити или други видови изложеност во валута ЦХФ, при што истите се чуваат во странски банки и предизвикуваат високи трошоци за Банката- велат во Комерцијална банка.

Во меѓувреме граѓаните револтирани од политиката на банката велат дека ги повлеквуаат штедните влогови од банката или ги конвертираат во други валути.

-Деновиве бевме известени од Комерцијална банка дека почнувајќи од 15.02.2019 година, Банката нема да склучува нови договори за девизни штедни влогови на физички лица (по видување и орочени) во валута швајцарски франк (CHF). Во исто време ни најавија дека ќе наплаќаат надоместок на трансакции при уплата и исплата на ефектива на девизни трансакциски сметки и книшки за валута Швајцарски франк (CHF)- вели еден штедач во банката.

Во приватните менувачнициво кои се обративме велат дека деновиве има навалица од муштерии кои ги менуваат франците во други валути.
Валентина Ангеловска
Треба да знаете
Последни објави