Search

Комерцијална банка ќе подели дивиденда од 550 денари по акција

Комерцијална банка АД Скопје на 02.04.2020 година го одржа своето редовно Годишно собрание на кое акционерите учествуваа и гласаа преку писмена кореспонденција, соопшти баната преку Македонска берза.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2019 година со бруто-добивка во износ од 1.986,7 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 179,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 1.806,8 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 1.806,8 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 55% од номиналната вредност на акцијата, односно по 550 денари на една акција. Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 553 милиони денари да се издвои во резерви.

Треба да знаете
Последни објави