Search

Комерцијална банка прогласена за Банка на годината во 2021 година од магазинот The Banker

За „Банка на годината во 2021 година во Република Северна Македонија” е прогласена Комерцијална банка АД Скопје.  Оваа престижна награда финансискиот магазин The Banker ѝ ја доделува на Комерцијална банка втора година по ред, препознавајќи ги нејзината клучна улога во поддршката на економското закрепнување во земјава и излегувањето во пресрет на потребите на клиентите, соопштија од Комерцијална банка.

-2021 беше уште една година исполнета со предизвици, во која продолженото економско влијание на пандемијата бараше преземање претпазливи одлуки. Ние сме многу задоволни и горди што успеавме да ги надминеме овие предизвици и да продолжиме да бидеме фактор на стабилност за нашите клиенти и партнери, рече главниот финансов директор и член на Управниот одбор Маја Стевкова Штериева во обраќање на вчерашното свечено прогласување на победниците во Лондон, кое и годинава имаше свое Интернет издание поради мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.

За оваа награда магазинот The Banker (издание на Financial Times) разгледува широк спектар на критериуми. Наградата се доделува на банките кои покажале успешни финансиски резултати, успех во целокупната деловна стратегија, со кој оствариле конкурентска предност, унапредување и развој на технологијата и на производите и услугите, како и соодветен одговор на кризата наметната од Ковид-19. Магазинот годинава преку ова признание ги наградува банките кои вложија дополнителен напор за поддршка на своите клиенти и поширокото општество, понудија нови дигитални производи и услуги, со кои станаа побрзи на пазарот и поиновативни и се истакнаа со својата посветеност на градење поодржлив и поинклузивен свет.

-Во овие времиња на предизвици, Комерцијална банка потврди дека, покрај останатите вредности на кои може да биде горда, довербата е на врвот на листата. Нашите клиенти веруваат во нас и очекуваат да се справиме со сите предизвици, без оглед на сѐ. И ние во Комерцијална банка веруваме во нашиот капацитет за исполнување на нивните очекувања и во нашата определа дека Полесно е заедно. Токму затоа во годината во која се справуваме со продолженото влијание на пандемијата, Банката повторно најде инспирација во потребите и довербата на своите клиенти, а за возврат им овозможи ново и под обрено корисничко искуство преку ребрендирање, визуелно освежување и понуда на нови и дополнети производи и услуги прилагодени токму на нивните потреби, наведуваат од Комерцијална банка, која е добитник на „Банка на годината во Северна Македонија” девет пати досега

Треба да знаете
Последни објави