Search

Коментатор, дегустатор, политичар – какви видови на гости има на македонските слави

Во тек е сезона на слави. Сите домаќинки спремаат и сакаат се најубаво да имаат на својата славска трпеза. Може да се најде од се по нешто. Но, покрај од јадење, на славата можат да се најдат секаков вид на гости.

Направивме листа од видови на гости, кои мора да ги има на секоја слава. Некои се забавни, некои се досадни.

Коментатор

Неговата улога е да ја води полемиката, да ги менува темите, да бара нови соговорници, да дава и да зема збор. Вистински модератор на славата. Тој за се има свое мислење. Експерт за политичката ситуација во државата, а се разбира и од фудбал, слободно може да биде селектор. Ги знае сите градски муабети, трачеви, кои можеби ќе ги слушате секоја година кога со него ќе се погодите на истата слава.

Има најмалку пет слави

“Среќна слава домаќини, знаете, бевме на две слави, па еве кај вас и имаме уште три… Ќе пијам само вода и за кратко ќе мора да одиме… ” Тие седат како на игла. Ќе испијат чаша вода, не ни пробуваат од она што има сервирано и за кратко стануваат.

Доаѓа прв, а си оди последен

Сигурно и на вашата слава има барем еден таков кој секога година доаѓа прв на слава, а си оди последен. Ги дочекува и ги испраќа сите гости.

Дегустатор

Тоа се оние луѓе кои се сконцентрирани на јадењето и давање коментари за истото. Ќе пробаат од се и ќе прашаат секое посебно како е направено. Даваат оценки за колачињата, од култура најчесто позитивен. “Ова ми е најдобрата сарма која што ја пробав, а денеска ми е трета слава по ред”.

Презентер

Тоа обично се тетки, стрини или комшивки кои сакаат да ги претставуваат гостите едни на други. “Ова е ќерката на Јасмина, ја знаеш ли? Таа студира медицина, ќе стане докторка, ќе не лечи сите во фамилија, убавица на стрина”… Тие ги знаат сите гости на славата и обично одат од еден на друг да си поправат муабет.

Оној кој се уште живее во минатото

Тоа се едни исти луѓе, кои секоја година раскажуваат исти приказни од типот “во мое време”. Се уште живеат во времето од пред 20 или 30 години. Во времето на Југославија. Постојано раскажуваат како било тогаш на слава, што имало на маса, како и каде излегувале, кога се женеле и мажеле. Денешната младина не знае ништо, освен гледање во телефон и компјутер.

Треба да знаете
Последни објави