Search

Коментарот на Фекир за Лео Меси брзо го обиколи целиот свет

Најдобриот играч на Лион, Набил Фекир веднаш по убедливиот пораз од Барселона (5:1) со свој коментар во микс зоната го пофали Лионел Меси.

Аргентинецот уште еднаш одигра феноменален натпревар и повторно беше клучниот играч на Барселона во походот кон четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Меси постигна два погодоци и беше асистент на уште два гола со што сосема заслужено ги доби сите почести и од противниците. Пофални зборови за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња не изостанаа и од Набил Фекир кој по натпреварот изјави:

– Игравме солиден натпревар, но најдобриот играч во историјата го направи невозможен за нас. Кога не постигнува голови, асистира. Кога не асистира, ги разигрува соиграчите. Тој беше невозможен. Лео е невозможен, – истакна Фекир.

Треба да знаете
Последни објави