Search

Комеморација за жртвите во нападот во „Манчестер Арена“

Две години по нападот во Манчестер поп-ѕвезди настапија во чест и сеќавање на жртвите кои загинаа во арената.

Јужно-корејската поп група „Блекпинк“ ја посвети својата песна „Stay” на жртвите и нивните семејства и изјавија дека жалат за сите оние кои загубиле некој сакан.

Во нападот во 2017 година, загинаа 22 лица и стотици беа повредени, додека на сцената беше Аријана Гранде, која штотуку го заврши својот настап.

Минатата година, во катедралата во Манчестер се одржа миса на која присуствуваа принцот Вилијам и премиерката Тереза Меј, како и граѓани кои ја следеја црковната служба надвор од катедралата преку видео-бимови.

Советот на градот Манчестер соопшти дека овојпат годишнината ќе биде обележана со поинтимна комеморација.

Во текот на денот, катедралата во Манчестер ќе биде отворена за оние кои ќе сакаат да поминат мигови во тишина и молитва.

Бомбашот-самоубиец Салман Абеди, 22, ја детонираше експлозивната направа во арената на крајот на концертот кога посетителите заминуваа од салата.

В среда, во истиот момент кога одекна експлозијата, 22:31, во центарот на градот ќе ѕвонат ѕвона во сеќавање на немилиот настан.

Треба да знаете
Последни објави