Search

Комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар Скопје

Драмскиот театар Скопје денеска ќе одржи комеморација за неодамна починатиот македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Македонија.

Горан Стефановски, по кратко боледување почина на 66-годишна возраст во Англија.

Горан Стефановски (роден во Битола, 27 април 1952) е македонски драмски писател. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема „Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет”.

Треба да знаете
Последни објави