Search

Комеморација за Аки: „Во Загреб дојде со една торба, сега е во Алејата на великаните“

Во Малата сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб се одржа комеморација во чест на Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни ваљак“.

„Во Загреб нема кварт каде Аки не бил во некој изнајмен стан, се дружеше во секој кварт. Притигна на станица со една торба и сега почива во Алејата на великаните во Загреб“, истакнаа неговите пријатели и колеги.

„Оние кои добро го познаваа велат дека тој е веројатно најдобриот човек што некогаш го запознале“, изјави Никша Братош.

На комеморацијата присуствуваше и Дино Јелушиќ. Се потпиша во книгата на жалост, а потоа искажа топли зборови за Аки.

„Тој го ширеше позитивното. Денеска за жал се збогуваме со голем пејач и голем човек… ги раскажа нашите животни приказни и се надевам дека барем во следните 500 години ќе се појави некој од 75 килограми кој ќе знае да ги пренесе работите како него“, рече Дино.

На комеморацијата дојде и долгогодишниот пријател и соработник на Аки, Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој со емотивни зборови се прости од музичарот.

„Многу често беше камче во мојот чевел, многу од моите брчки се поради него, но многу поголем дел од тоа беше што ми ги исполни душата и срцето“, рече Хус.

„Судбина на ваквите ѕвезди е што тие си одат во мегаексплозии. Кој можеше да го замисли како старец на клупа“, додаде тој. По неговиот говор беше објавено видео од еден од концертите на „Парни ваљак“ на кој Аки ја пее песната „Љубавна“.

Аки Рахимовски почина во сабота (22 јануари) на 67-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави