Search

Комбинацијата од хлоркинин и азитромицин се воведува од утре и за пацинтите во земјава, за тестирање на пунктовите само со закажување

– Од утре кај заболените од коронавирусот ќе почне да се применува комбинацијата што ја содржи лекот хидроклор и азитромицин што веќе се покажа ефикасен во повеќе земји.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, попладнево на прес-конференција, соопштуваји дека таа е одобрена денеска на состанок на Комисијата за етички прашања во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД.

-Денеска на состанокот на Комисијата за етички прашања во МАЛМЕД, беше одобрена комбинацијата на терапија за пациенти заболени од коронавирусот. Комбинацијата што ја содржи лекот хлоркинин и азитромицин што се покажа како ефективен во повеќе земји и таа одлука ќе биде аплицирана од утре и во болнички и во домашни услови по соодветна индикација од лекарот, бидејќи е потребна прво проценка на клиничката состојба и се дава кај одредена група не кај сите, рече Филипче.

Тој најави дека утре на седница на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за моделирање на начинот на движење за време на викендот.

Потсети на веќе донесените дополнителни рестрикции за движење кои се однесуваат на лицата на 67 години и младите до 18 години, за кои дозоволено време на движење е од пет наутро до 11 часот за лица над 67 години и од 12 до 21 часот, до почнување на полицискиот час за младите.

За функционирањето на системот преку „Мој термин” рече дека без закажување нема да може да се оди на пунктовите за тестирање, туку тоа ќе се прави со закажување преку матичните доктори.

-Доколку пацинетите имаат симптоми и имаат епидемиолошки податок може да се јават кај матичниот лекар на телефон кој по пополнување на алгоритамот ќе закаже термин на еден од вкупно 14-те пунктови со цел да се земе брис за да се прати во лабораторија. Без закажување нема да може да се оди по пунктови.Тоа се направи да се стави ред и да се избегнат гужви и контакти, изјави Филипче.

На прес-конференцијата информира дека нови случаи во последните 24 часа се 12 во Скопје и Куманово. Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во земјава се 148, а досега се починати две лица.

Треба да знаете
Последни објави