Search

Комбинацијата од овие два витамини може да предизвика мозочен удар

Една посебна комбинација од два витамина може да го доведе вашиот живот во опасност, бидејќи е во состојба да предизвика собирање на најразлични сустанци во внатрешните ѕидови на артеријата, што може да предизвика мозочен удар, но тука е и ризикот од срцеви заболувања, покажаа резултатите од американското истражување.

Опасноста, пред се`, се однесува на коминацијата на калциум и витаминот Д, која ја зголемува можноста за атеросклероза, односно кога доаѓа до собирање на масни сустанци, холестерол, дел од мртви ќелии и калциум во внатрешниот ѕид на артериите.

Американските истражувачи на чело со професорот Сафиј Хан од Медицинскиот факултет во Западна Вирџинија го објавија ова истражување во еден научен магазин, а во истражувањето учествувале 277 луѓе, кои страдале од атеросклероза, а воедно ја внесувале оваа комбинација на витамини.

Се испостави дека конзумирањето на оваа комбинација на витаминот Д и калциум, дури за 17% ја зголемува можноста да доживеете мозочен удар. Истражувањето покажало дека не постои никаква врска помеѓу срцевите заболувања и витаминот А, Б, Ц и Д, бета-каротинот, калциумот, антиоксидансите и мултивитамините. Само фолната киселина и омега 3 масните киселини едвај покажале мало влијание врз работата на срцето.

„Луѓето кои ги купуваат овие витамини за да ја подобрат работата на своето срце, само си ги фрлаат парите за џабе” – заклучи др. Хан и додаде дека витамините најдобро ги внесуваме преку здравата исхрана.

Треба да знаете
Последни објави