Search

Коман најдобриот фудбалер на 1. коло во Лигата на шампионите

Играчот за врска на Баерн Минхен, Кингсли Коман е прогласен за најдобар играч во 1. коло од групната фаза од Лигата на шампионите, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

На сметка на 24-годишниот Французин се два гола и една асистенција на натпреварот против Атлетико (4:0).

Во гласањето, Коман ги победи дефанзивецот Анхелињо од Лајпциг, играчот за врска Тете од Шахтјор Доњецк и напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората.

Треба да знаете
Последни објави