Search

Коман и Баерн ja продолжиja соработката до 2026 година

Претставници на германскиот фудбалски шампион Баерн напредуваа во преговорите за обновување на договорот со напаѓачот Кингсли Коман.

Двете страни постигнаа начелен договор, пишува „Билд”.

Новиот договор на 25-годишниот Французин се очекува да биде со важност до 2026 година. Актуелниот договор на Коман со клубот од Минхен е пресметан до 30 јуни 2023 година.

Дваесет и петгодишниот Французин оваа сезона одигра 17 натпревари за Баерн и постигна пет гола и две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави