Search

Командантот на КФОР загрижен поради вжештената реторика

Командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио изјави деканишто не укажува на тоа дека може да има инциденти во Косово, но дека го „загрижуваат изјавите што доаѓаат од двете страни”.

– Реториката може да создаде заострена атмосфера, при што најмалиот инцидент може да се претвори во поголем. Ги повикувам сите страни да избегнуваат остра реторика, рече Д’Адарио во интервју за српскиот весник „Политика”.

Тој рече дека задачата на КФОР е да обезбеди безбедна средина за сите. – За нас е важно цело Косово. И север и југ, потенцираше Д’Адарио.

– И вие сте Европејци како нас, рече командантот на КФОР. – Кога овде ќе се постигне договор, тоа ќе донесе подобрување за сите. И за Косово и за Европа. Ова е нашето соседство, појасни генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио.

Треба да знаете
Последни објави