Search

Колумбија ја продолжи вонредната состојба до крајот на август

 Вонредната состојба воведена поради епидемијата на коронавирус во Колумбија ќе биде продолжена до крајот на август, објави претседателот на Колумбија.

„Задолжителната превентивна изолација како општа мерка ќе биде во сила до 30 август“, најави колумбискиот претседател Иван Дуке, пренесува „Ројтерс“.

Веќе осми пат се продолжува вонредната состојба, меѓутоа, според Дуке, помалите градови и градовите каде што нема заболени ќе можат да продолжат да ги ублажуваат вонредните мерки, но со задолжителната забрана за јавни собири.

Во Колумбија досега се потврдени 267.300 случаи на Ковид-19 и 9.074 смртни случаи.

Владата на оваа 4. најразвиена економија во Латинска Америка очекува дека годинава економијата ќе падне за околу 5,5 проценти.

Треба да знаете
Последни објави