Search

Колтон Андервуд демантира дека е во врска со Луси Хејл

Американскиот Господин совршен изјави дека во моментов нема девојка.

Запрашан од порталот Too Fab за неговиот љубовен живот, ријалити ѕвездата Колтон Андервуд (28) кој минатата недела беше виден со актерката од  ТВ-серијата „Прилично мали лажговци“ Луси Хејл (31), тој одговори „Засега сум сингл“.

Поранешниот професионален фудбалер на „Сан Диего чарџерс“, „Филаделфија иглс“ и „Оукленд рајдер“ неодамна објави на социјалните мрежи дека се чувствува физички исцрпен.

Пред две години, Господин совршен отворено призна дека иако има 26 години се уште е невин. Поранешниот американски фудбалер а сега ријалити ѕвезда истакна дека не сака да се направи голема работа од тоа, но продукцијата на шоуто одлучи да го направи токму спротивното. Таблоидите ја објавија веста наредниот ден.

Треба да знаете
Последни објави