Search

Колони возила и попладнево на Табановце, се чека до 45 минути за влез и излез

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Табановце каде времето на чекање е околу 30 до 45 минути.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави