Search

Колона возила на КФОР на север од Косово носат опрема за блокади

Повеќе од 45 возила на КФОР во раните утрински часови влегле на север на Косова, тие се движат во колона и се упатиле во правец на Лепосавич, пишува српски „Телеграф“.

Покрај борбените возила, тие носат и опрема за блокирање и создавање бариера, како градежни машини, агрегати и жица.

Потегот на КФОР на северот на Косово доаѓа во момент кога веќе има зголемени тензии по потегот на Приштина, поради предвиденото формирање на војска на Косово, со отворена поддршка од западните центри на политичка и воена моќ, пишува Телеграф.

Командантот на здружените сили на НАТО во Наполи, адмирал Џејмс Фого, рече дека формирањето на армијата е нешто „за што суверено” одлучува Приштина, додаваат српските медиуми.

Во тој контекст, присуството на КФОР на северот, посебно составот и опремата на возилата, укажува на страв од можните реакции на Србија, додаваат во написот.

Треба да знаете
Последни објави