Search

Колку сексуални партнери имаат луѓето и каде се рангирате вие?

Тоа е една од најличните работи што може да прашате некого, но и да ве прашаат – Со колку луѓе сте имале секс?

Најново истражување покажа кој е просечниот број на сексуални партнери во еден животен век и резултатите можеби ќе ве изненадат.

Здравствена организација спроведе истражување на 2.000 испитаници во Велика Британија за да дознае повеќе за нивните сексуални животи.

Резултатите открија дека 25% од луѓето имале секс со двајца до четворица луѓе во нивниот живот.

Изненадува фактот дека 14% од испитаниците рекле дека имале секс само со еден партнер во досегашниот живот.

Има 2% од испитаниците кои имале значително поактивен сексуален живот и над 91 секс партнер.

4% рекле дека не знаат со колку луѓе точно имале секс.

Ако погледнеме подлабоко во анализата на резултатите, ќе видиме дека испитаниците од Лондон пријавиле највисок број на сексуални партнери и 5% од нив имале повеќе од 91 секс партнер во животот.

Постарите испитаници се покажале сексуално љубопитни: 3% од испитаниците на возраст од 35-44 години рекле дека имале повеќе од 91 секс партнер.

Во која процентуална група спаѓате вие според бројот на сексуални партнери? Проверете во резултатите:

0 – 3%

1 – 14%

2-4 – 25%

5-9 – 22%

10-15 – 13%

16-20 – 7%

21-30 – 4%

31-40 – 2%

41-50 – 1%

51-70 – 1%

71-90 – 1%

91 и повеќе – 2%

Не знам – 4%

Треба да знаете
Последни објави