Search

Колку може да заштедите на сметки со топлотна изолација на домот?

Со изолација на домот се намалуваат несаканите осцилации во температурата и се намалува потребата за дополнително греење или ладење на просториите. Со тоа, ефективно се намалуваат трошоците за енергија во домаќинството.

 

Основната функција на куќата е заштита од надворешните влијанија, како и создавање на пријатен и удобен простор за живеење.

Многу години пред да почнат да се градат модерни куќи и згради, нашите предци ги користеле сите достапни методи и материјали за да создадат штит од надворешните влијанија и неповолни временски услови и температури, иако не секогаш постигнувале и естетски добар резултат.

Со новите трендови, стигнаа и квалитетни материјали за термичка изолација и со нивна примена значително се намалува потрошувачката на енергија, што веднаш се одразува на трошоците.

Покрај тоа, денешните материјали за фасада нудат и многу голем избор во естетски поглед.

Некои пракси се сменија со тек на време, но термалната изолација на фасадата остана важен фактор за постигнување топлотен комфор за станарите, без разлика дали се работи за куќа, станбена или деловна зграда.

Познато е дека со неадекватно изолирани надворешни ѕидови се случува огромно губење на топлината од внатре за која плаќаме струја, огревно дрво, пелети, нафта и други извори на енергија.

Со адекватна изолација на фасадата може да се оствари финансиска заштеда и до 30%, а истовремено да се задржи константна температура и удобност во објектот, без оглед на годишното време.

Преведено во проста математика, ако во станбен простор од околу 60 квадратни метри на енергенси се трошат околу 22.000 денари годишно, со изолација на фасадата ќе се постигне заштеда до 9.000 денари годишно.

Освен заштедата на греење, со оваа мерка ќе се постигнат многу постабилни и подобри услови за живеење во тие простории и за време на летниот период.

Главна цел на елементите што ја сочинуваат надворешната заштита е да се намали губењето на топлината во зимскиот период и да се намали зависноста од уреди за ладење во летниот период.

Треба да се напомене дека најголема топлотна ефикасност се постигнува со комбинација на енергетски ефикасни прозорци, врати, таван, покрив и подрум, со што се остварува финансиска заштеда и до 70%.

Треба да знаете
Последни објави