Search

Колку време му треба на срцето да заздрави по откажувањето од цигарите?

Поранешните пушачи треба да почекаат долго време по откажувањето од цигарите за да им се врати на нормално ниво ризикот од срцеви болести и инфаркт, покажа едно најново истражување.

Некои претходни истражувања покажаа дека ризикот од срцев удар се стабилизира околу пет години по откажувањето од цигари, но новата студија вели дека се потребни 15 години.

По анализата на податоци на 8.700 луѓе набљудувани со децении, истражувачите од Универзитетот  во Тенеси заклучија дека треба да помине повеќе од една деценија за да се отстрани штетата што никотинот и другите хемикалии во цигарите му ја нанесуваат на срцето.

Срцето и крвните садови побрзо заздравуваат од штетата од цигарите, во споредба со белите дробови, вели авторката на студија.

Срцевите болести се убиец број еден во сите земји во светот, а еден од главните фактори што придонесуваат за нивна појава и развој се цигарите.

„Сепак немаме многу податоци за тоа што точно се случува кај луѓето кои пушеле цигари многу долго време“, вели авторката.

Студијата опфаќа податоци на луѓе од две генерации, од кои речиси една половина биле пушачи, набљудувани во периодот од 1948 до 1975 година.

Како тешки пушачи биле категоризирани луѓе кои пушеле по најмалку една кутија цигари дневно во период од 20 години, од кои 70% доживеале срцев удар за време на истражувањето.

По пет години откако престанале да пушат, ризикот од срцев удар бил намален за 38% во споредба со оние кои престанале да пушат.

Меѓутоа, требало да поминат 16 години од откажувањето на цигарите за да се врати кардиоваскуларното здравје на поранешните пушачи на ниво на здравјето на непушачи.

„Кај луѓето кои биле тешки пушачи долго време, може да се јават промени на срцето и белите дробови што овие органи не може никогаш во целост да се вратат во нормала“, вели таа.

„Важно е да се запамти дека ризикот од срцев удар и други форми на кардиоваскуларни болести секако се намалува по оставањето на цигарите и тоа е главниот заклучок на оваа студија.“

Некои позитивни последици од прекинувањето со пушење се чувствуваат веднаш.

Само 20 минути по гасењето на последната цигара, бројот на отчукувања на срцето и притисокот во крвните садови се враќаат во нормала.

Околу 12 часа подоцна, нивото на јаглерод моноксид паѓа на ниво што е толку ниско што речиси не може да се открие во телото.

Една недела подоцна, ризикот од инфаркт е намален бидејќи срцето и крвните садови веќе не се изложени на хемикалиите што може да предизвикаат згрутчувања на крвта.

Треба да знаете
Последни објави