Search

Колку вреди палатата во која живее Цеца: Наследство од Аркан

Замок ли е?

Тема на една позната емисија беа куќите на познати личности, меѓу другите, тие се занимаваа и со проценка на вредноста на куќата на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ.

Познато е дека пејачката со години живее во оваа куќа на Дедиње во Белград заедно со синот Вељко, снаата Богана и нивниот син, како и Анастасија, ќерката на фолк дивата. Куќата и ја остави Аркан, нејзиниот починат сопруг.

Однадвор, изгледа исто како порано, со тоа што Цеца обнови некои простории во куќата. Таа неодамна го реновираше стариот спа центар со базен, во кој сега ужива целото семејство, а пред венчавката на нејзиниот син Вељко постави нова порта.

Инаку, овој луксуз има преку 1000 м2. Повеќе од 20 соби, неколку гостински, тоалети и бањи на секое ниво. Лустри со Сваровски кристали, мебел по нарачка од Италија, вредни уметнички дела и експонати, најскапи плочки…

На крајот, ја проценија вредноста на нејзината куќа, а таа се движи помеѓу 7 и 10 милиони евра.

Преземено од Фактор

Треба да знаете
Последни објави