Search

Колку вредат македонските надежи ќе докажуваат со Шпанија, Белгија и Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 19 години во елитната фаза од квалификациите за ЕП-2020 ќе игра во групата 2 со селекциите на бранителот на трофејот Шпанија, Белгија и Бугарија. Мечевите од оваа квалификациска фаза ќе се играат во март идната година.

Македонија во ждрепката која беше извршена во Нион ги чекаше противниците од последниот барабан, како најслабо пласирана селекција од 28. кои ја минаа првата фаза. Селекциите во втората квалифиакциска рунда се поделени во седум групи по четири екипи, а само првопласираните ќе ѝ се придружат на Северна Ирска која како домаќин ќе игра на завршницата од ЕП-2020.

 

.

Треба да знаете
Последни објави