Search

Колин Фарел во топ-форма како и секогаш

Колин Фарел ги покажа своите мускули во црна маичка кога отиде да се напие кафе во Лос Анџелес, кратка пауза од самоизолацијата во која сигурно добро го проучил сценариото на „Бетмен“ и неговата улога на негативецот Пингвин.

44-годишниот актер својот спортки изглед го комбинира со бејзбол капа и црна маска за лице.

Тој се подготвуваше за улогата во долгоочекуваното продолжение на „Бетмен“ со наслов „Одмазда“, но продукцијата беше стопирана во март поради пандемијата на Ковид-19.

Во новиот филм Фарел ќе го глуми злобниот Пингвин, а Роберт Патинсон ќе биде Бетмен или човекот лилјак.  Во него се појавува и Зое Кравиц како Кетвоман или жена мачка.

Тој неодамна изјави за списанието Ес-еф-икс (SFX): „Перспективата е навистина возбудлива. Јас сум екстатичен што ќе бидам дел од тој универзум“

Треба да знаете
Последни објави