Search

Колинда се премислила, сепак ќе побара канцеларија за работа по истекот на мандатот

Претседателката на Хрватска во заминување, Колинда Грабар-Китаровиќ се премислила и се откажува од намерата да не бара канцеларија која ќе ја користи по завршувањето на мандатот. Иако на почетокот од својот мандат ветувала дека нема да бара канцеларија поради заштеда на средства кога ќе заминува од функцијата, сега истата ја бара – пренесуваат хрватските медиуми.

За Нова ТВ, хрватската претседателка изјавила дека мислела оти по 18 февруари нема да бара канцеларија, но се предомислила. Таа сака да продолжи да работи на брендирање на Хрватска и за тоа и било потребна просторија за работа. Таа рекла дека не може да седи негде и ништо да не работи по завршување на мандатот.

За својот наследник Зоран Милановиќ тврди дека нема да го критикува ниту фали, ниту да ја коментира неговата работа.

-Она што ќе го работам ќе биде промоција Хрватска, на нашите интереси, ќе се борам против насилството не само во семејствата, школите  и другите места, заштита на животната средина, за чист Јадран и слично – изјавила Грабар-Китаровиќ.

Според важечките закони Грабар-Китаровиќ има право во наредните шест месеци да добива надомест во висина на платата која нето изнесува 24.376, 20 куни (околу 3.200 евра), и во наредните шест месеци 50 одсто од таа плата.

Како поранешна претседателка има право пет години да користи канцеларија, да и асистираат два државни службеника, личен возач, службено возило, а физичкот обезбедување и следува трајно.

Треба да знаете
Последни објави