Search

Колинда пак во елемент

Хрватската претседателката во заминување, Колинда Грабар-Китаровиќ пак беше во елемент и покажа како се навива за својата репрезентација. Таа вечерва во Будимпешта  го следеше мечот меѓу Хрватска и Шпанија од полуфиналето на Европското првенство во ватерполо.

Во „Арената  Дунав“ облечена во спортски дрес и елегантни црни пантолони, таа весело навиваше и за националниот ватерполо тим  во моменти на спортски ентузијазам.

Сепак, и покрај поддршката на досегашниот шеф на државата, Хрватите по добриот старт изгубија 9:8 и ќе се борат за бронзен медал в недела против Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави