Search

Колинда Грабар-Китаровиќ оперирана, ја чека долго закрепнување

Поранешната претседателка на Хрватска и членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Колинда Грабар-Китаровиќ денеска е оперирана во клиничката болница во Загреб, а како што пишува „Јутарњи лист”, сега ја чека неколкумесечно закрепнување.

Таа имала операција на дискус хернија на цервикалниот ‘рбет, а операцијата, како што дознава весникот, поминала добро.

Грабар-Китаровиќ в сабота ќе биде пуштена од болница.

Треба да знаете
Последни објави