Search

Колеџот Јахја Кемал стана тестинг центар за дигитални вештини

Без разлика дали учениците и студентите слушаат музика или прават слики, купуваат или комуницираат, дигиталните вештини се важен составен дел на нивното секојдневие. Основните дигитални вештини им овозможуваат користење на дигитални уреди, софтвер, апликации како и алатки кои им помагаат да користат и креираат информации. Спектарот на способности што треба да го демонстрираат налага поголемо ниво на подготвеност. Истовремено тие способности треба да бидат мерливи и валидирани со нешто што може лесно да се докаже и препознае, а тоа е сертификацијата.

Сертификацијата која се наметна како нов стандард во светски рамки, на голема врата е прифатена и од Yahya Kemal College ( Скопје, Тетово и Струга). Yahya Kemal College од денес официјално стана тестинг центар за дигитални вештини во соработката со Certiadria, официјален партнер на американската компанија ,,Certiport“, застапник на правата за сертификација на Microsoft, Adobe и Autodesk како и други светски брендови.
За сите ученици на Yahya Kemal College (Скопје,Тетово и Струга) достапна е новата интегрирана платформа full path solution, learn, practice, certify, што значи дека учениците ќе имаат можност да ги проверат своите дигитални вештини, да ги надградат и да ги валоризираат.

Напредокот во секое општество се постигнува преку колективна свест, а тоа подразбира решителност за имплементација на вистинската стратегија!
Сертификацијата претставува валидација на вештини, потврда на знаењето, издвојување од останатите, лесен пристап на пазарот на трудот. Во насока на успехот и можностите од истото говори и фактот од спроведеното истражување! Како поддршка на ова, во дополнително истражување каде менаџерите за регрутирање на кадри во рамките на Microsoft групацијата се изјасниле дека дури 91% од сите вработувања во рамките на групацијата, сертификацијата ја земаат во предвид при вработувањето и регрутирање на кадар.

Треба да знаете
Последни објави