Search

Колективниот договор во културата започнува со примена од јули

На средбата одржана помеѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, и претставници од СКРМ беше договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.

Колективниот договор за културата е склучен на 30.12.2019 година.  Со членот 130  беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите  од членовите  65 и 66 (плати на вработените во областа на културата) кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.
Со ова, платите во културата за месец јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор.

Треба да знаете
Последни објави