Search

Колев: Има индиции за злоупотреби поврзани со автопатот Штип-Миладиновци

Повеќе од една година институциите не успеваат да се справат со пуштањето на автопатот Штип-Миладиновци, изјави претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев.

Тој рече дека не само што граѓаните не можат да користат нешто за кое ќе плаќаат, туку никој не собрал смелост да пројави одговорност и да ни соопшти што е проблемот.

„Не е завршен проектот? Има ли пропусти кај изведувачите, подизведувачите или можеби контролата? Има ли некој одговорен за тоа? Колку ќе не чини автопатот? Има ли луѓе од претходната и сегашната власт кои злоупотребиле со средства предвидени за овој проект?
Некакви тендери наместени, провизии, проценти? И најважно, ќе сноси ли некој одговорност за сето ова?“, праша Колев.

Тој побара од премиерот Зоран Заев да пројави одговорност пред граѓаните од истокот, да излезе и да каже јавно што е проблемот.

„Обелоденете сѐ што е поврзано со автопатот, а има индиции за злоупотреби. Ја разбравме неможноста на МВР и Спасовски, да се справат со живи луѓе кои можат да се движат (го визирам економскиот гуру Груевски и неговиот патент во економијата ” како да станеш милијардер за 10 години?” )но проектите, кредите и банкарските сметки како и тендерите и др. се на хартија, нема како да им избегаат. Во спротивност длабоко во мене, но и во голем дел од граѓаните останува чувството за политички пазар помеѓу СДСМ и ДПМНЕ во кој новата власт ја заштитува старата од кривична одговорност, во замена за полна власт и непречено решавање на одредени прашања. Не би шпекулирал со урбани легенди, но „злите јазици” како во земјава така и надвор, зборуваат за материјални репарации во замена за мир и слобода“, истакна Колев.

Треба да знаете
Последни објави