Search

Кокшаров е вториот селектор кој си поднесе оставка по епизодната улога на ЕП-2020

Спортскиот директор  и тренер во завршницата од есенскиот дел од сезоната на актуелниот европски ракометен шампион скопски Вардар, Едуард Кокшаров кој беше и селектор на руската репрезентација по завршувањето на настапите во раната фаза од ЕП-2020 одлучи да си поднесе оставка. Кокшаров е вториот селектор по Сергеј Бебешко кај Украина откако не ја минаа групната фаза со своите репрезентации си поднесоа оставки од селекторските позиции.

Русија имаше епизода улога на ЕП-2020. Ја заврши групната фаза со три порази од Унгарија, Исланд и Данска. Челниците на ракометната федерација на Русија веднаш побараа одговорност од Кокшаров, а тој им возврати со оставка.

Русија имаше за цел на континенталниот собир да ја мине групната фаза и да си обезбеди продолжен престој на континенталниот собир каде очекуваше да обезбеди пласман за настап на олимписките квалификации.

Треба да знаете
Последни објави