Search

Кокосово масло – незаменливо за нега на кожата

Кокосовото масло може да ви помогне во многу ситуации и да замени добар дел од козметичките производи за кожа што веќе ги користите, а содржат вештачки состојки што не се добри за вас.

Заменете ги кремот за лице и лосионот за тело со кокосово масло, така што ќе го нанесете во тенок слој на сува или влажна кожа и убаво ќе втриете за да се впие. Најдобро е да побарате чисто кокосово масло, а не производи во кои се тврди дека има одреден процент од ова скапоцено масло.

Исчистете ја шминката со малку кокосово масло нанесено на сунѓерче или памучно марамче за чистење лице.

Ако го искомбинирате кокосовото масло со сода бикарбона ќе добиете пилинг за лице. Најдобра комбинација за пилинг за тело е со шеќер и сол. Соодносот на сол-кокосово масло треба да биде 1:5.

За да ја нахраните сувата и дехидрирана кожа направете купка со етерично масло од портокал и две лажици кокосово масло.

Ова масло е одлично да го користите и како пакување за стапала – намачкајте ги обилно и облечете меки памучни чорапи и оставете да се впие маслото во текот на ноќта.

Треба да знаете
Последни објави