Search

Кои се партиските активисти кои наводно ја напуштиле трибината на МЗШВ во Велес

Кои се партиските активисти кои наводно ја напуштиле трибината на МЗШВ во Велес

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината, стои во пишаната реакција на Министерството за земјоделство.

Митко Јанков, претседател на здружението „Агро центар“, еденод организаторите на протестите на одгледувачите на овци, што повикува на протест против МЗШВ и актуелната Влада, не му е прв пат да повикува на протест, но сериозните сточари го знаат дека не е земјоделец, туку политички активист. 10 години никогаш не повикал на протест иако откупната цена на јагнето беше мизерни 100 денари за килограм. Навидум загрижен за сточарите, а всушност одработува за ВМРО ДПМНЕ. Митко, е само извршителот на валканите работи, а главниот логистичар е Тони Тасков, човек од доверба на ВМРО ДПМНЕ, вработен во Агенцијата за поттикнување на земјоделството, подрачна канцеларија во Велес, кој злоупотребувајќи ја службената моќ, ги манипулира земјоделците на протести. Тони и Митко се главните организатори на протестот на сточарите пред МЗШВ, што беше на 20 декември минатата година. Земјоделците беа донесени со платен автобус, а сега истите двајца се организатори и на пресот и протестот вчера во општина Чашка, за што говори сликата во прилог каде Тони (свртен со грб во карирана кошула) им дава насоки на сточарите како да дејствуваат. За нивната партиска љубов сведочат и сликите каде со партиски обележани маици, двајцата се појавуваат на партиски настани. Митко е и еден од подржувачите на „ќосињата“ од Велес, кои насилно упаднаа на 27 април, во Собранието на РСМ, со цел да го ликвидираат премиерот Зоран Заев и не се срами јавно да го објави тоа. Дали Митко Јанков, е вистински загрижен за сточарите или одработува за партиска агенда?

-Знаеме за откупната цена. Вчера и завчера постојано тимовите од МЗШВ комуницираат и ги следат состојбите. Бевме и сме во комуникација со сите засегнати страни, со здруженијата и со сточарите. Се одржаа низа средби во претходниот период и како ресорно министерство и како Влада она што можам да го кажам е дека нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба и верувам дека сите заеднички ќе донесеме решение, изјави Николовски.

МЗШВ, се посочува, континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Заедно со здруженијата на овчарите МЗШВ редовно ја прати цената на европските берзи, посебно Хрватска, Грција и Италија како главни купувачи на македонското јагне.

Воедно се најавува дека во понеделник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи средба со фирмите кои вршат откуп и извоз на јагнешко месо и претставници на кланичната индустрија, при што ќе се разговара за откупот на јагнето и движење на цената на пазарот. Додека во вторник, се додсва, договорена е средба со Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за производната и продажната цена на јагнето.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство, се наведува, ја завршува процедурата со пописот кај овците и козите кој што треба да заврши до крајот на јуни, кој што е важен за попрецизно дефинирање на политиките за секторот овчарство и распределба на субвенциите. Во делот на политиките за развој на овчарството, голем дел од барањата на овчарите се прифатени. Со Јавното претпријатие за пасишта се работи на измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата, ќе се спроведе вакцинација на јагнињата против бруцелоза и вакцинирање за ентеротоксемија кај овците, која што МЗШВ ја субвенционира со 50 отсто.

извор: Iportal.mk

Треба да знаете
Последни објави