Search

Кои се жртвите од нападот во Стразбур? Турист, новинар, улични музичари

Исламистичкиот терорист Шериф Чекат во нападот во Стразбур усмрти тројца луѓе од кои третиот им подлегна на повредите во болница. Уште 12 луѓе се повредени, од нив шестмина се критично, велат француските власти.

Единствениот кој е идентификуван од жртвите е Тајланѓанецот Анупонг Суебсамарн (45), кој во Стразбур бил со сопругата во туристичка посета. Тајландската амбсада во Париз ја потврди неговата смрт.

Како што пишува „Франс 24“, тајландскиот турист е убиен додека излегувал од ресторан во центарот на градот. Неговиот вујко изјавил за медиумите, дека Суебсамарн и сопругата првично сакале да одат во Париз, ама во последен момент се предомислиле поради протестите, па отижле во Стразбур.

Втората жртва, која имала мозочен удар, е 40-годишен жител на Стразбур со потекло од Авганистан.

Меѓу повредените е и млад радиски новинар од Италија, Антонио Мегализи, кој го погодил куршум во главата и се наоѓа во критична состојба. Тој, како што јави „Ла Република“, дошол во Стразбур за да известува за седницата на Европскиот парламент.

Во нападот повредени се тројца улични музичари кои свиреле пред кафуле. Еден од нив бил погоден во врат и се наоѓа во кома. Другиот е исто така во сериозна состојба со повреда на главата, додека третиот е полесно повреден.

Двајца Французи од покраината Восгес, исто така се повредени во нападот. Едниот е погоден во дел од вратот и се наоѓа на интензивна нега, а другата е 18-годишна девојка која е оперирана и е надвор од животна опасност.

Тешко повреден е уште еден Французин, јави „Ле Парисиен“, додека сопственичка на локална продавница, објавила на Фејсбук дека нејзината 18-годишна ќерка е ранета во раката.

Полскata амбасада во Париз објави на Твитер дека и еден полски државјанин е меѓу повредените.

Треба да знаете
Последни објави